речник контакт

Промовирана книгата Мостови на пријателство 3

Промоцијата е дел од одбележувањето на „28 Септември – Денот на Бошњаците“.

Петар Печков

Во присуство на голем број љубители на пишаниот збор вчеравечер четврток,  во Ликовниот салон беше  промовирана книгата "Мостови на пријателство 3" од  група автори на македонски и босански јазик. Промотори на збирката поезија беа писателите Шефкија Боранчиќ, Игор Крајчев и Авдулах Рамчиловиќ.

Промоцијата од името на Собранието ја поздрави пратеникот Зеќир Рамчиловиќ

 „Пораките на разбирање, љубов, мир, слога, почитување се пораки на писателите застапени во збирката поезија „Мостови на пријателство 3“, но и универзални пораки со кои можеме да градиме подобра иднина. Нека ни е среќен, вечен и вековит Денот на Бошњаците и  заедно со сите граѓани на Македонија и регионот да  одиме напред, подобра иднина, која е можна само доколку искрено градиме мостови на пријателство.“

Љубителите на поезијата уживаа во стиховите кои беа прочитани од страна на 24 автори. На задоволство на присутните настанот беше збогатен со изведбана класична музика и инструментални обработки на севдалинки.

Книгата  "Мостови на пријателство 3" е во издание на Диван а организатор на настанот беше Клубот на писатели од Велес, Коста Солев, Рацин. 

Промоцијата е дел од одбележувањето на „28 Септември – Денот на Бошњаците“.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »