речник контакт

Промовирана книгата на Ленче Китанова „Тркало на животот“

Романот „Тркало на животот“ ни ја дава метафората на живеењето, наизменично менување на тагата и радоста, добивката и загубата

Петар Печков

Се промовираше книгата „Тркало на животот“ од авторката Ленче Китанова, просветен работник во училиштето во Лозово.  Промотор на книгата беше Наташа Брезовска Богоевска.

„Романот „Тркало на животот“ е семеен роман во кој Китанова семејството го става на највисокиот пиедестал. И повторно не она идеално семејство од реклами, туку семејство од нашата околина, со сите негови недостатоци. Иако на моменти сурово ја искажува вистината, не заборава да ни потенцира дека вистинската љубов и вистинското почитување се најсилните нешта. Самиот наслов на романот „Тркало на животот“ ни ја дава метафората на живеењето, наизменично менување на тагата и радоста, добивката и загубата“ “, рече промоторот Наташа Брезовска Богоевска.

Ленче Китанова е автор на семејни романи „За една вистина“, „Зошто станав калуѓерка“ и „Тркало на животот“, збирките раскази „Приказни на една младост“, „Графитот, рака, мерак и глупак“, збирките поезија „На заминување“ и „Тунел“. Таа во 2015  година го добива признанието Наставник на годината во Македонија. Промоцијата на книгата  и организатор на настанот беше Локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес.

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »