речник контакт

Промовирана книгата поезија ,,Разбојот на соништата,,

Тоа е четврта книга на поетесата Јасмина Ѓоргиева

Петар Печков

Стихозбирка „Разбојот на соништата“ на велешка поетеса Јасмина Ѓорѓиева, беше промовирана во  Ликовниот салон во Велес. Тоа е четврт кнгиа на велешката поетеса. промовирана четвртата книга, Промоцијата беше во организација на локалната библиотека Гоце Делчев.  

Поетесата Јасмина Ѓорѓиева вели дека оваа стихозбирка на почетокот и крајот е прозна и за да се сфатат стиховите кои се  во средишниот дел на книгата треба да се прочита почетокот и крајот.

Самата книга носи една голема порака, за да бидеш голем човек треба да сакаш за да можат другите да те сакаат, подари љубов на некого за да ти подарат љубов, порачува Ѓорѓиева.

Триесет и седумгодишната поетеса од Велес во 1992 година дебитираше со својата прва стихозбирка „Љубовта на Младите“,1995 година ја објави својата втора поетска книга „Скриена Игра“. По пауза од творење цели 18 години ланскиот декември ја објави својата трета стихозбирка „Дијалог на срцето“. Оваа нејзина четврта стихозбирка како што уште тогаш најави е нејзино продолжение.

Поетите Лила Арсова и Игор Чоков,  од Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ читаа стихови од  најновата книга поезија на Ѓорѓиева.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »