речник контакт

Промовирана книгата поезија на Даница И. Лепојевиќ

Стихозбирката „Дождови во мај – сублимирани емоции со две лажички мед“ е во издание на „Полица“

Петар Печков

Велешката поетеса Даница И. Лепојевиќ вчеравечер ја промовираше книгата „Дождови во мај – сублимирани емоции со две лажички мед“. Таа е нејзина трета книга поезија. Книгата е во издание на „Полица“ и во неа авторката, ги презентира своите емоции создавајќи интерактивно и хибридно дело со уникатна структура во нашата книжевност.

„Поетска авантура низ стихови, дневнички записи и Инстаграм-рилови со ефект на вистински емоционален ролеркостер.  Со необичниот и холистички пристап кон внатрешниот свет и кон творечкиот процес, ги поканува читателите директно и длабоко во интимниот дом на Даница, нудејќи ги сите медиуми за негово искусување: зборот и чувството, цртежот и звукот, фотографијата и видеото“ - вели авторката Лепојевиќ.

Таа на книжевната сцена појавува со збирката „Сјај и страв и песни“ во 2016 година, втората  е збирката „Пребивалишта“објавена  во 2019 година.

фото ФБ/ Даница И. Лепојевиќ

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »