речник контакт

Промовирана книгата „Во светот на научната фантастика“ од Љубомир Михајловски

Делото содржи значајни податоци за истријата на научната фантастика во светот и кај нас

Петар Печков

Велешкиот автор  Љубомир Михајловски ја промовираше неговата книга  „Во светот на научната фантастика“.Ова е негово  дело од областа на теоријата и историјата на научната фантастика

Промотор беше  Миле Костов кој посочи  дека делото содржи значајни податоци за истријата на научната фантастика во светот и  кај нас. Смета дека оваа област е опширна и недоволно истражена.

„Не можам да го искажам моето воодушевување од книгава, во која Љубомир прецизно, концизно и на интересен начин ја презентирал научната фантастика, како дел од животот. Дава преглед на историјатот, развојот и медиумите на изразување за ова творештво од најраниот период, па до денес, опфаќајќи го светското и македонското“, рече Костов.

Во книгата е детално обработена темата за фантастиката во повеќе области-музика, филм, литература,стрип.

„Научната фантастика не е бегство од реалноста. Напротив, мораме да ја согледаме реалноста онаква кава што е, без оглед на тоа колку е можеби непријатна, за да ја смениме. Научната фантастика ни дава насока кон она што треба да се стремиме, кон една идеална сцена, или не предупредува што да избегнуваме“ кажа авторот  Љубомир Михајловски.

Промоцијата беше во медиотеката на локалната библиотека Гоце Делчев.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »