речник контакт

Промовирана книгата „Крлевизми“ и изложба на фотографии од Велес на Атанас Крлевски

Книгата е десетта во неговото творештво

Петар Печков

Промовирана е новата, десетта книга по ред на афоризми, од велешкиот автор Атанас Крлевски „Крлевизми“. Во неа се собрани сите негови најдобри афоризми, создадени на различни теми.  

Книгата ја промовираше Ана Витанова  Рингачева, која потенцираше дека во книгата е собрано се што е највредно во досегашното творештво нa авторот Крлевски.

„Во  книгата е нејесенцијалното од неговото творештво.  Крлевски е секогаш нов и свеж, со секоја нова книга. Ни носи афоризми кои се нови а на стари теми. Во книгата има афоризми кои ќе не замислат,  ќе не поттикнат на  размислување или предизвикаат блага насмевка, посветени на жената на бракот. Кога мислите дека се е кажано, тој наоѓа начин како да го сврти вниманието со афоризам интересен за читање“ - кажа Витанова Рингачева.

Истовремено беше отворена и изложба на фотографии на Атанас Крлевски, на кои се делови од Велес, овековечени последните 15 години.

„Ова е мои фотографии од пулсирањето на градот. Тоа е сублимација на старото и новото во  Велес и неговата архитектура“ - рече Крлевски.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »