речник контакт

Промовирана публикација ,,Жените за жените,,

Во неа се најдоа 12 жени кои со својата работа оставиле силен траг во живеењето на Велес

Петар Печков

Вчеравечер се промовираше публикацијата ,,Жените за жените,, во која се најдоа 12 жени од Велес, кои според некои нешта биле први и значајни во нивната област на работење.  Публикацијата  е авторство на Организацијата на жени од Општина Велес, во нејзината подготовка    учествувале : Мирјана Трајкова –претседател, Јорданка Толеска и Благородна Ампова –членки на организацијата, во соработка со сите жени членки кои дале свој придонес со предлози за жени кои треба да бидат опфатени  со истражувањето.  

Првичната идеја  ни беше да направиме една анализа и да видиме кој жени работеле машки професии.  И тоа пред некои 40-тина  и  повеќе години. Потоа требаше жените да бидат живи, да бидат високо образовани  и да постигнале нешто во областа во која работеле. Потоа низ работа дојдевме до сознание дека има  жени кои не работеле машки работи, но биле пионери во својата професија. Мислевме дека бргу ќе завршиме со публикацијата, но беа потребни три месеци  за истражување, интензивни контакти. Морам да кажам дека многу ми е жал што требаше да бидат дел од содржината,меѓутоа од различни но оправдани причини не стигневме да контактираме. Најчесто тоа бе здравствени причини, некои не успеваме да ги најдеме а знаевме за нив . Им се извинувам на неколку жени  што бе беа дел до публикација, но се  надевам дека за следната е ги има -  рече Благородна Ампова. 

Има 12 жени секоја со свое авторство во живеењето на Велес оставиле силен траг. Во изборот се најдоа: Зорана Пајкова Карова – таа е прв а претседателка на Општинскиот совет на Сојузот на синдикатите на Велес во периодот 1985-1988 година, Рахилка Филипова Илиевска – таа е прва медицинска сестра вработена во локалниот Завод за трансфузија во Велес, Светлана Димова Јорданова – таа е учителка по домаќинство во Велес, Македонка Пешева Јанчевска  детска поетеса од Велес и поетса челна на ДПМ,  Благородна Стојанова Илиева – учителка од Велес, Вера Гајдова – директорка на училиште, Благојка Јорданова – жена банкарка,  д-р Љубица Богданова примариус, специјалист по детска стоматологија, д-р Марија Јорданова –специјалист по гинекологија и акушерство, Стојка Милованова – акушерка бабица, Иванка Михајлова Корлевска – медицинска сестра, Елизабета Ефремова – прва жена претприемач од Велес. 

Организацијата на жени  од Велес, со ова истражување опфатила еден дел од жените во градот, кои оставиле некој белег во неговото живеење, со нивните професии. Така истражувањето покажало дека  во периодот од 1950 - 1990- жените најмногу професионално се ангажирале во образованието и здравството. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »