речник контакт

Промовирана сликовницата „Прикaзна за ветрето“ на авторката за детска литература Лилa Арсова

Таа е автор и на приказната и на цртежите

Петар Печков

Промовирана е сликовницата „Приказна за ветрето“ од Лили Арсова. Тоа е нејзино десетто дело. Сликовницата која е илустрирана со цртежи кои како и приказната се дело на Арсова. 

„Авторката на умешен и педагошки начин го претставува ветрето. Не само како природна појава, туку и како лик, кој влијае врз развојот на децата. Преку развој на фантазијата, имагинацијата, развој на љубовта кон читањето.  Тоа е топла приказна, која ненаметливо на децата им кажува како се учи, како се расте,  да ги почитуваме различностите. Тука и неговиот другар скакулецот. Наменета е за најмалите, кои се слушатели, до децата од  рана училиштна возраст“ – кажа    промоторката Ели Маказлиева.

„Целиот мој животот ги посветив на децата како просветен работник. Тие се нашата иднина, треба да вложуваме во нив. Најтешко е да пишуваш за децата, да им се доближиш, да се стекне нивната доверба. Сликовницата излезе за Саемот на книгата, неполн месец и за овој период наиде на добра одѕив. Делото го спремав една година“ – рече Арсова. 

Промоцијата се одржа во медиотеката на велешка библиотека.

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »