речник контакт

Промовирана „Припитомување на кучката- раскази за лудилото” со која Андоновски годинава го доби Рациновото признание

Промоцијата беше во рамките на одбележувањето на 111 години од раѓањето на Коста Рацин (22 декември 1908) и 80 години од излегувањето на стихозбирката ,,Бели Мугри,,

Петар Печков

Во рамките на одбележувањето на 111 години од раѓањето на Коста Рацин (22 декември 1908) и 80 години од излегувањето на стихозбирката ,,Бели Мугри,, вчеравечер во салата на Општина Велес беше промовирана книгата „Припитомување на кучката: раскази за лудилото” од   Венко Андоновски. Со оваа книга, годинава на 56-тие Рацинови средби, авторот Андоновски, по втор пат го добива Рациновото признание. Книгата ја промовираше Кристина Николовска.

Само Венко само така му приоѓа на зборот, со сакрална почит, со невидена нежност како на новороденче. Кај него зборот е Бог, зборот е стих, прв или последен, тие што ги запишал, за навек. За да не ги од дува ветрот и не ги одлета небото Сториите, приказните, кои Венко секојдневно како дожд ни го позлатува секојдневието на сите. Особено на блиските а нему блиски му се сите.  Тој секогаш има нешто да ни раскаже, да ни дораскаже, да не насмее, но и да не растажи. Да не ослободи  од стравот, да не отараса од болестите, да не куртулиса од маките, да ни го обои денот во сосема друга боја од таа со која појдовме од дома. Тоа е Венко - рече во инспиративниот говор проф. Николовска.

Книгата „Припитомување на кучката: раскази за лудилото” е во издание на издавачката куќа ,,Три,,.  а излезе од печат пред една година во декември 2018-та. Делото го  чинат три циклуси: „Фрески“, „Иконки“ и „Карикатури и гротески“. Пред присутните  се обрати и авторот Венко Андоновски, со беседа за Рацин. 

Рацин е голем поет, затоа што е разбирлив. Тој се обраќа на обичниот човек. Солев е поет загледан во иднината, поет на промената, кој се залага за нов поправеден свет, во неговите стихови има оптимизам. Двајца Константина, Миладинов и Рацин и дадоа правец на македонската поезија и кој изворот со кој ја полеваат својата поезија, е во фолклорот -   беседеше Андоновски за Рацин. 

Во музичка програма настапија м-р Светлана Ташева и м-р Илија Настовски а организатор на настанот Општина Велес.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »