речник контакт

Промовирани две нови книги на Тоциновски

Затворен ковчег поетска книга и Мост од Ѕуница беа промовирани во Градската библиотека

Петар Печков

Две нови книги на професор  д-р Васил Тоциновски денес беа промовирани во неговиот роден град Велес. ,,Затворен ковчег" е поетска книга со кој тој го заокружува неговото  шеесет годишно творештво додека   ,,Мост од Ѕуница`` книжевно- есеистичко  дело во кое тој пишува за по 25 македонски и хрватски автори од 2008-ма па наваму.

Тоциновски е ретка појава во македонската  книжевност литература со неговиот енциклопедиски дух. Него го гледам двострано и како уметник и како истражувач и неговото дело е поливалентно – рече промоторот професор Васил Дрвошанов. Издавач на двете книги е Хрватско книжевно друштво од Риека Хрватска а промоцијата беше организирана од Градската библиотека Гоце Делчев.

Кажаниот збор се чул или не се чул брзо се заборава, додека пишаниот останува за навек. Оваа промоција е континуитет на древниот Велес кој е светски пример  по револуционерната и книжевната позитивна енергија во која чекори напред и остава трајни траги зад себе – вели  д-р. Васил Тоциновски.  

Тој последните пет години тој е професор и раководител  на  Лекторатот по македонски јазик и литература при Филозофскиот факултет од Универзитетот во Риека од 2008-тата година. Изминатите  години откако тој постои, се запишале 1200 студенти.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »