речник контакт

Промовирани четири аудио книги за лицата со оштетен вид

Сите четири книги се лектирни изданија

Петар Печков

Четири аудио книги наменети за лицата со пштетен видот,  беа промовирани  во библиотеката „Гоце Делчев“ во Велес. Тие се заеднички проект на библиотеката и  Здружението на слепите лица на Општина Велес.

„Ова  е завршниот дел од проектот „Снимање на аудио книги“ со кој се промовираат четири аудио книги. Тие се наменети за слепите лица.  Ние со Здружението сме долгогодишни соработници и имаме издадено повеќе аудио  книги и книги со Браево писмо. Во библиотеката имаме катче со овие книги. Се одлучивме сите четири книги кои ги издадовме сега  да бидат лектирни изданија, децата  со проблеми со видот да имаат избор да може да слушнат што повеќе дела“ - рече Снежана Бошевска директорка на библиотеката во Велес.

Снимени се четири книги, сите се лектира за деца „Кифличката Мирна“ од Оливера Ќорвезироска, „Сакам книги“ од Александар Кујунџиски и две книги од  Наташа Брезовска Богоевска „Детство“ и „Приказна за две деца“.

Сите книги кои ги има во велешката библиотека, наменети за лицата со проблеми со видот, се достапни преку Здружението на слепи лица од Велес.

„Преку овие книги децата со оштетен вид, полесно можат да дојдат до нив и лектирните изданија, кои им се потребни за образовниот процес. Со овие четири наслови имаме вкупно 23 снимени книги од библиотеката за слепи лица „Ратко Пајдаков“ од Велес. Заинтересирани се јавуваат кај нас во Здружението, ние им ги праќаме по пошта и тие ги враќаат“ - кажа Тодор Крајчев од Здружението на слепи лица Велес.  

„Снимање на аудиокниги“ е проект  поддржан од Министерството за култура во висина од 70 илјади денари.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »