речник контакт

Промовирано ЦД со староградска музика на групата „Виртус“

„Нека Вие честито новороденчето и да донесете на свет и други“ вака им го честиташе Димче Бегинов излегувањето на првото ЦД со стари македонски песни на неговите сограѓани групата „Виртус“ насловено „Бисери од незабоавот“.

Петар Печков

„Нека Вие честито новороденчето и да донесете на свет и други“ вака им го честиташе  Димче Бегинов излегувањето на првото ЦД со стари македонски песни на неговите сограѓани групата „Виртус“ насловено „Бисери од незабоавот“.

\"\"

Тие му возвратија дека планираат тоа да го прават секоја година или секои 12 месеци по еден ваков производ со избрани македонски стари песни. Бегинов и додаде:

- Песната нема сајбија. Важно е таа да се испее од срце, така ќе стигне и до слушателите - изјави Бегинов.

\"\"

Групата „Виртус“ постои една година на велешката сцена и се реши на публиката да и понуди нешто што ќе остане трајно запишано во музичката историја на градот.

- Имаме големи планови за натамошната кариера. Ова ЦД е наша лична сатисфакција, да го покажеме нашето знаење и умеење во музиката. Имаме квалитет и потенцијал и тоа преку дискот го покажуваме - изјави Роберт Трајков гитарист во групата. Членови се и: Иле Мазнев бас, Стојанче Иванов клавијатура, Трајче Малинов дувачки инструменти и вокал и Гаврило Дуковски тапани.

\"\"

На ЦД-то „Бисери од незабоавот“ има 12 песни повеќето велешки: Сејмен да шетам низ Бузаана, Ај што убаво одат велешките моми, Болен лежи млад Стојан, Фросино моме, Велешките ергени, Ој Јано, Јано, Градел Илија манастир, Филизо моме, Дремка ми се дреми, Антице жална душ?це,  Болен ми лежи Миле Поп Јорданов и три ора: Рамно велешко, Ибраим оџа, Сербез Донка (инструментал).

На дискот гостинка како женски вокал е Сузана Јовчева, истото е снимено во студио Анастасија во Скопје, издавач е Сенатор Рекордс.

\"\"

\"\"

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »