речник контакт

Промовирано патувањето на Петар Келеман

Или книгата за еднo малку познато историско случување, атентатот во Марсеј

Петар Печков

Свечено  беше промовирана книгата ,,Патувањето на Петар Келеман,, на  Меглен Горски или Александар Кукулев. Пред бројни гости , во куќата на Касапови, а во рамките на свеченостите  на одбележувањето на  9-ти Ноември, Денот на ослободувањето н а Велес, беше  претставена книгата, за убиството на српскиот крал Александар.

Овој настан кој во македонската  е скоро целосно минимизиран,  па Кукулев истражувајќи низ познатите и непознатите историски моменти ја напиша оваа книга. Истата се чита во еден здив, чекајќи ја секоја следна реченица и секоја следна страница, за да се дознае нешто повеќе за атентатот во Марсеј, кој се случи на 9 октомври 1934-тата година.  Книгата може да се најде во киосците во градот.

 Ова не е прво дело на Кукулев, тој зад себе има оставено повеќе радио драми ,,Сердарот,,  ,,Болен Дојчин,,  ,,Крвава Кошуља,, (која е издадена и на ЦД). Има и три  телевизиски документарци а со ,,Пушкин од нашиот сокак,, во кој Раца зборува за нејзиниот однос со  Кочо Рацин  , ја доби  наградата ,,Златна корија,, на телевизискиот фестивал во Крушево.  

Тој е еден од авторите на филмот за загадувањето на Велес ,,Велес капут,,. Две години  има учествувано и на Светскиот  радио фестивал  ,,при Марулиќ,, кој се одржува на Хвар Република Хрватска.  Тој од пред некој ден се закити и со наградата 9-ти Ноември заради тоа што учествуваше во пронаоѓањето на моштите на Панко Брашнар.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »