речник контакт

Промоција на реизданието Кочо Рацин - живот и дело

Ќе служи како водич во музејската поставка и спомен куќата на поетот и револуционер

Петар Печков

Во рамките на 51. Детски Рацинови средби се одржа промоција на публикацијата „Кочо Рацин- живот и дело“. Промоцијата се одржа во Сокачето на поезијата, пред родната куќа на поетот.  Промотор беше проф. д-р Васил Тоциновски. 

Рацин е творец, генијален дух, кој се раѓа еднаш во столетието. Секој од нас е Рацин, Рацин е секој Македонец. Јазикот на кој твореше Рацин, уште пред да се кодифицира е симфонија на која нема што не може да се преточи, ниту една мисла, ниту едно чувство - рече промоторот Тоциновски.  

Автори на делото се  Павлина Василева и Марин Клифов, од велешки Народен Музеј а ова е второ издание по тоа од 2014-тата.  Издадено е со финансиска поддршка на Министерството за култура.  

Има одредени  дополнувања во реизданието на публикацијата. Содржината е сублимација на творештвото и животниот пат на Рацин во мал каталог. Таа ќе служи како водич во музејската поставка и  спомен куќата на поетот и револуционер. Секој посетител кој би дошол ќе ја добие публикација и во отсуство на кустос водич да ја користи - рече авторот Клифов.     

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »