речник контакт

Промоција на филмот „Елегии за тебе“

Утревечер во 22 часот на три локации во Велес ќе се одржи промоцијата на филмот „Елегии за тебе“ на Данчо Стефков и Васил Зафирчев.

Петар Печков

Утревечер во 22 часот на три локации во Велес ќе се одржи промоцијата на филмот „Елегии за тебе“ на Данчо Стефков и Васил Зафирчев.

Продуцентот очекува дека премиерното прикажување на овој поетско-игран филм ќе привлече околу 30 илјади гледачи не само од велес, туку и од Македонија. Филмот ќе се прикажува на платна пред Основниот суд, каде ќе бидат поставени и столици за гостите со билети и на платна пред ЗПП или Сармаале и кај Градскиот саат.

Во филмот се проткајуваат две приказни, дали Рацин беше убиен и која беше неговата вистинска муза Раца или Невенка Вујиќ. Во „Елегија за тебе“ настапуваат освен Зафирчев и Милица Стојанова, Јордан Витанов, Зорица Панчиќ, Маја Вељковиќ, Сашка Димитровска, Слободанка Чичевска а музиката е на Калиопи.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »