речник контакт

Пронајден мртов маж со прострелна рана на чело

Лицето е пронајдено позади Центарот за дијализа во кругот на Велешка Болница

Петар Печков

Вчера недела на пладне,околу 14,45ч  било пријавено дека во кругот на Општа Болница Велес е пронајдено тело на починат маж.

Кај него била видлива прострелна рана на челото. Прва на терен била екипа на Итната помош, која констатирала само смрт и случајот го пријавила во СВР Велес.

Б.С.(74 год)   било пронајден позади центарот за дијализа, кај хируршките амбуланти.

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес. Од   Јавното обвинителство Велес, соопштија дека телото на   починатиот било дадено на обдукција. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »