речник контакт

Пронајден давеник во Вардар

Жител на Караслари паднал додека поправал покрив на црква во село Караслари и тешко се повредил

Петар Печков

Претпладнево на  21 април околу 10 часот во СВР Велес, жител на село Кочилари, велешко, пријавил дека во водите на реката Вардар, во близина на село Кочилари, било пронајдено машко тело без траги на насилство. По завршување на увидот било утврдено дека се работи за лицето Л.С.(77) од Велес. По наредба на Јавен обвинител, телото било предадено за обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.

На 18.04.2019 година во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека околу 10.30 часот Д.Т.(65) од село Караслари, велешко, паднал од покрив додека извршувал градежни работи на црквата ,,Покровение на Богородица“ во село Каратманово, општина Лозово, при што се здобил со  тешки телесни повреди. Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во болницата во Велес, а потоа во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид  на местото извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »