речник контакт

Пронајден исчезнатиот оризарец, но ќе се испитуваат причините за смртта

Лицето на 3 јануари вечерта се јавило дека е излетано со автомобилот од патот Штип –Радовиш, за следниот ден да биде пронајден починат во кругот на ТИРЗ Штип

Петар Печков

Расчистена е дилемата, кој е непознатиот кој завчера беше пронајден починат во Технолошко индустриската развојна зона Штип (ТИРЗ). Тоа бил жител од Горно Оризари, од неговите блиски бил пријавен за исчезнат. Обдукцијата треба да дад е одговор, што е причината за смртта на М.Г. откако тој претходно се јавил дека излетал од пат.

„На 04.01.2025 во 09.30 часот во Полициска станица Велес У.К.(54 год) од село Горно Оризари, велешко, пријавил дека неговиот братучед М.Г. (77 год) од истото село се оддалечил од неговиот дом. Според пријавеното, претходниот ден во 22.00 часот добил повик од неговиот пријател В.С. кој имал шлеп служба дека М.Г. му се јавил и му кажал дека со неговото патничко возило „Спарк“ со велешки регистаски ознаки излетал во дупка на регионалниот пат Штип-Радовиш, по што В.С. а потоа и пријавителот со неколку други лица во текот на ноќта извршиле обиколки на патот но не успеале да го пронајдат. На 04.01. по претходна пријава во СВР Штип од страна на лицето Т.М. дека негов вработен, во кругот на ТИРЗ - Штип, забележал на коловозот починато лице, во 12,00 часот од страна на увидна група при ПС за БПС Штип и ОКТУПА при СВР Штип, заедно со ИМП Штип излезено е на лице место при што е констатирано дека се работи за лицето М.Г. По насоки и овластување од надлежен ЈО при ОЈО Штип извршен е увид а телото е предадено за обдукција“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »