речник контакт

Пронајден машки леш во Вардар, се уште не е идентификуван

Жител на Градско излетал од коловоз кај Чичево, завршил на Клиники во Скопје

Петар Печков

Два настани се случија во петокот попладне и вечер. Најден е машки ле и сообраќајка откако возачот излетал од коловозот и со тешки повреди е пренесен на Клиниките во Скопје

Петокот навечер, на 13-ти јули  во 19.00 часот во река Вардар кај село Кочилари, велешко, пронајден е машки леш. Поради непристапност на теренот лешот  се вадеше од водите на река Вардар, во текот на наредниот т ден, кога  беше извршен и увид. Следниот ден сабота  14 јули  од реката Вардар е изваден машки леш кој е однесен во Институтот за судска медицина на обдукција. Се работи на утврдување на идентитетот - информираа од СВР Велес.  Дали е некој од лицата кои во велешко се водат како исчезнати ќе биде познато до крајот на неделава. 

Петокот попладне на 13-ти јули  околу 17.30 часот на  патот Градско - село Чичево, М.П.(63) од Градско управувајќи патничко моторно возило „Форд Фиеста“ со велешки регистарски ознаки изгубил контрола и излегол надвор од коловозот. Од незгодата со повреди се здобил М.П. кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Општа болница Велес - изјавија од МВР

 Според портпаролот ан велешка Болница Весна Лазареска, на М.П, му биле констатирани тешки телесни повреди  политрауми и поради сериозност на повредите е префрлен во Комплекс клиники "Мајка Тереза". 

Сообраќајната полиција  извршила   увид на местото на настанот, по  што бидат познати причините за излетувањето. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »