речник контакт

Пронајден машки леш на Јаниташ

Дали е тоа едно од двете исчезнати лице пред месец и половина

Петар Печков

 Попладнево на Јаниташ, островот на Вардар кај Долни Дуќани пронајден е машки леш.  Лешот бил виден од лице кое за тоа ја известило полицијата.

Таа заедно со пожарникарите го земале лешот.   Од полицијата го потврдија настанот со тоа што  информираа дека неговиот идентитет ќе биде познат по обдукцијата.

Се претпоставува дека лешот е на еден од двете исчезнати лица во изминатиот месец и половина. Лешот е најден од страна на нуркач кој бил ангажиран од страна на велешко семејство чиј близок деновиве паднал во Вардар спроти епархијата додека се миел.

Телото е предадено на обдукција и идентитетот ќе биде познат после понеделник.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »