речник контакт

Пронајден мртов, исчезнат велешанец

Томе Атанасов кој се водел како исчезнат две дена, вчера е пронајден мртов во близина на Вршник

Петар Печков

На 27 март во 14,40 часот, на месноста викана „Под Вршник“ во Велес  пронајдено е починато лице, при што е констатирано дека се работи за Томе Атанасов (43) од Велес, инфомрираше МВР.

Тој на 25 март  годинава  во Полициската Станица Велес  бил пријавен за исчезнат од страна на неговата сопруга. Атанасов бил невработен и татко на едно малолетно дете. По наредба на Истражен судија телото на починатиот е предадено на обдукција, за да се утврди причината за смртта.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »