речник контакт

Пронајден човечки труп близу Филтерна

Ќе се работи на утврдување на идентитетот на починатото лице но и причините за смртта

Петар Печков

Во близина на филтерната станица на ЈКП Дервен вчера, сабота било пронајден човечки труп. Телото за кое нема податоци дали е маж или жена,  било предадено на обдукција. Детали од информацијата на СВР Велес.

„На 6 јануари  година во 12.25 часот во СВР Велес било пријавено дека во близина на филтерна станица на Јавното комунално претпријатие „Дервен“ во Велес, бил пронајден човечки труп во поодмината фаза. На местото бил извршен увид од увидна екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на Институт за судска медицина Скопје заради утврдување на причините за смртта и идентитетот“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Идентитетот на починатото лице ќе се проверува по препознавање на облеката, од лица од фамилиите  блиски на лицата  кои се  исчезнатите во велешко, но и по ДНК траги. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »