речник контакт

Пронајденo е починатo лице во автомобил

Лицето е пронајдено во автомобил близу кружен тек Авона

Петар Печков

Велешанец е пронајден мртво во автомобил претпладнево. Него го видел случаен минувач, на ул. Ѓорѓи Војтех, близу кружен тек кај Авона, и се јавил во Итната помош.

„Повикот е примен во 9 ч, во 9,05 екипата била на лице место. Дежурниот доктор Манасков констатирала смрт кај лицето на 54 годишна возраст, кое седело на возачкото место но било настранет кон со возачкото“ - кажа д-р- Василка Пановска, началник на служба за итна помош.

Таа за сите други детали упати да се бараат информации од СВР Велес.   ОЈО Велес соопшти дека телото на починатиот е предадено на обдукција, за да се утврди причината за смртта.

Неофицијално станува збор за полициски службеник, кој не е униформиран.  Се очекува СВР Велес со повеќе информации.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »