речник контакт

Пронајдена девојка со прострелна рана, итно префрлена на Клинички во Скопје

Утрово имало опсежна акција во пронаоѓање на можниот сторител, кој живеел во близина на Интернат на улица Андон Шурков

Петар Печков

Утрово во Општа болница Велес, со возило на Итната помош била донесена пациентка, која имала прострелна рана.

„ВО 8,30ч. донесена е девојка на 25 годишна возраст, на одделението за хирургија. Дадена е неопходна здравствена помош и веднаш пренесена на Клинички во Скопје, каде е прифатена“ - изјави д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

Од СВР Велес со првична инфорамција дека утрово (26.01.2023) во 07.47 часот во СВР Велес, од Итна медицинска помош Велес било пријавено дека кај нив била донесена 25 годишна жена со повреди на телото нанесени од нејзиниот невенчан сопруг. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Соседите информираа дека утрово имало опсежна акција во пронаоѓање на можниот сторител, кој живеел во близина на Интернат на улица Андон Шурков.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »