речник контакт

Пронајдени автомобили на планината Мукос, товарени со нелегално пресечени дрва, но не и сторителите

Полицијата ги открила колите во атарот на селата Степанци, Поменово и Смилковци

Петар Печков

Во полициска акција изведена на регионот на планината Мукос, на стариот пат Велес - Прилеп, пронајдени автомобили товарени со исечени дрва, но не и лицата кои го сториле тоа. МВР со детали за настанот.

„На 20 декември  полициски службеници од Полициското одделение Чашка, во атарот на селата Степанци, Поменово и Смилковци пронашле две патнички возила „лада“ без регистарски ознаки, натоварени со бесправно исечени огревни дрва, како и две моторни пили. Пронајдените возила и предмети биле одземени и предадени на Шумска полиција во складот на Национални шуми -подружница Велес“- соопштија од МВР.

Од полицијата велат дека се работи на расчистување на случајот.

Пределот во околината на село Степанци е честа мета на дрвокрадци пред се од прилепскиот крај, кои ја пустошат шумат. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »