речник контакт

Пронајдени занданите во кои бил чуван Дракула

Според историчарите Дракула бил заробен во 1442 –ра година кога заедно со неговиот брат Раду заминале на дипломатска посета кај Султан Мурад II. Браќата биле чувани во занданите сè до 1447-ма

Петар Печков

Двете простории кои неодамна беа пронајдени под Токат замокот во Турција, во суштина претставуваат зандани во кои бил чуван познатиот романски гроф Дракула, тврдат истражувачите.

Се обидуваме да ја одгатнеме историјата преку нештата кои ги откопуваме. Дракула престојувал тука. Тешко е да се определи во која зандана бил чуван, но бил тука, вели Ибрахим Четин кој е дел од тимот на археолози кои работат на локалитетот.

Според историчарите Дракула бил заробен во 1442 –ра година кога заедно со неговиот брат Раду заминале на дипломатска посета кај Султан Мурад II. Браќата биле чувани во овие зандани сè до смртта на нивниот татко и постариот брат во 1447-ма.

Под Токат замокот освен занданите е пронајдена и цела мрежа од тајни тунели кои служеле за безбедно преминување од едно до друго место.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »