речник контакт

Пронајдено нелегално поседувано оружје кај жители на Општина Чашка

Лицата, жители на Плевење и Теово, биле приведени во полициска станица

Петар Печков

Кај двајца жители на Општина Чашка пронајдено нелегално поседувано оружје. Полицијата со информации за настанот.

„На 21 септември  во 16 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија при СВР Велес ги лишиле од слобода П.П.(51 год) од село Плевење, општина Чашка и Т.С.(78 год) од село Теово, општина Чашка, а во 16.50 часот од слобода бил лишен и Н.Ш.(28 год) од Велес. По преземени мерки било дојдено до сознание дека П.П. поседува огнено оружје. Во службен разговор со него, П.П. изјавил дека поседува една пушка карабин која била во домот на Н.Ш., кој доброволно ја предал на полициските службеници заедно со неколку куршуми различен калибар. Додека, пак Т.С. на полициските службеници предал една ловечка пушка калибар 16 и две воздушни пушки калибар 5,5мм и калибар 4,5мм“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Лицата биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »