речник контакт

Пронајдено телото на Спасе Димовски, кој исчезна пред три седмици, спасувајќи екипа на ЕВН од поројница

Братот Лефко, раскажува за вториот живот на Спасе, по настанот од 9-ти август 2001-та

Петар Печков

Пронајдено е телото на исчезнатиот Спасе Димовски, кого поројница го однесе во селото Белештевица. Телото е пронајдено во близина на вливот на реката Бабуна во Вардар, низводно од Велес.   

Член на потесното семејство потврди  дека ставува збор за исчезнатиот Спасе.

На местото се блиски на семејството и според ланчето и белезите на  раката, станува збор за Спасе - изјави член на семејството Димовски.   

Телото на Димовски било забележано претпладнево како плови по реката Вардар низ Велес, по што екипа за спасување и безбедност при Општинскиот Црвен крст се дала по потрага. За нивна потреба обезбеден бил чамец од територијалната против пожарна единица, кој заедно со пожарникари и полиција, тргнал по потрага од Мало мовче.

Откако со помош на риболовци кои ловеа во непосредна близина го лоциравме трупот, успеавме  да го донесеме на брегот на Вардар. Телото го пронајдовме близу „Агриа“ кај вливот на река Бабуна во Вардар, го извадивме од реката, дојдоа членови на семејството и го идентификуваа - изјави Иле Попов координатор на  Тимот за одговор при катастрофи, за безбедност на вода, при Општинскиот Црвен крст Велес.

Спасе Димовски исчезна на 6-ти август, околу 14,47ч. кај село Белештевица, велешко, откако со неговиот трактор им помагал на екипи на ЕВН да се извлечат а биле заглавени во калта.  По телото се трагаше три седмици  по течението на реката Вардар од вливот на Пчиња па се до Ногаевци и до денес немаше трага од исчезнатиот Спасе.  

Спасе  секогаш кога беше потребен за ЕВН беше тука. Имаа од него телефонски број и лето и зимо, кога ќе заглавеа го бараа за помош, да ги извади од калта, снегот. Така било и овој пат. Тој има штали таму и го викнале со тракторот да ги извлече. Ги извлекол, тие биле двајца со џипот и заедно со говедарот се качиле во џипот да се  вратат. Минејќи низ теренот, наишол потокот, водотекот, кој бил огромен и го однел возилото и Спасе, другите се спасиле - раскажа  член на семејството.

Од ОЈО Велес информираа дека телото на Димовски ќе оди на обдукција, за да се утврдат причините за смртта.

Братот на  Спасе, Лефко Димовски, неодамна ја раскажа животната судбина, или како што вели вториот живот на Спасе, по настан кој се случил без малку пред 19 години.

На 9-ти август 2001-та брат ми беше на минување низ Раштани, со трактор а на влезот во селото, поради  воените дејствија имаше полициска патрола. Го сопреле Спасе и еден од полицајците пришол да го легитимира. При тоа раката ја вовлекол во облеката да ги извади документите а тоа на некој од патролата, кој бил подалеку му се присториле дека вади нешто други и истрелал рафал. Во тој момент полицаецот  што бил непосредно пред него, го повлекол Спасе кон земја. Тој паѓајќи едната левата рака му летнала во воздух инстиктивно и во неа завршиле дел од испуканите куршуми а имаше повреди и на рамото. Тогаш брат ми велеше дека го живее вториот живот за по 19 години да му се случи ова во Белештевица - раскажа Лефко. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »