речник контакт

Пронајдено телото на изчезнатиот велешанец

Телото на дваесетгодишниот велешанец Љупчо Солев по две недели од исчезнувањето е пронајдено во близина на селото Кочилари, 15-тина км подалеку од местото каде изчезна.

Петар Печков

Телото на дваесетгодишниот велешанец Љупчо Солев по две недели од исчезнувањето е пронајдено во близина на селото Кочилари, 15-тина км подалеку од местото каде изчезна.

Пронаоѓањето го пријавил рибар кој ловел риба во близина на мостот на селото. Лешот бил закачен на гранки покрај брегот на реката по што ја информирал полицијата. Телото било извадено со помош на велешките кајакари. СВР Велес заедно со патолог извршила увид а телото било идентификувано од страна на таткото на удавениот.

Љупчо Солев изчезна во водите на Вардар на 22 мај, во вечерните часови, кога заедно со негов пријател во Градскиот парк дувале лепак, по што се лизнал во водата и не се појавил по?торно. Телото е предадено на обдукција заради утврдување на причината за смртта на Солев.  

Ни по девет месеци не е пронајден велешанецот Валентин Ивановски (43 год) кој во септември минатата година замина да се капе на езеро Младост, неговиот велосипед беше пронајден покрај браната, но досега не и Ивановски.

\"\"

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »