речник контакт

Просветарите тешко ги впишуваат оценките во е-дневникот

Поради преоптовареноста, се чека со часови. Некои се конектираат и во два по полноќ

Петар Печков

Просветните работници мака мачат за да ги впишат оценките во е-дневникот. Седат со часови на компјутерот било дома или на работа, за да може да се  поврзат, но до тоа тешко се доаѓало. Освен време им треба и трпение а останатите обврски и домашни и на училиште., објаснуваат се запоставуваат. 

Мораме да ги впишеме оценките во е-дневникот. Но попусто, тешко оди. Јас успеав во два по полноќ во неделата тоа да го сторам. Тогаш се поврзав. Без оглед  што беше мината полноќ, немав избор. Наместо да работиме и ги пишуваме свидетелствата мораме да чекаме да се воспостави врска за да ја завршиме оваа обврска. Има колеги што уште не можат да се конектираат – вели наставник од Велес.   

Во Македонија има некаде околу 210 што средни што основни училишта, со минимум 30 а некаде и 100-тина наставници или професори. Тоа е вистинска армија од просветари кои треба да се поврзат со  е-дневникот и ги впишат оценките. Токму поради ова настануваат проблемите.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »