речник контакт

Протест на Заедничка Македонија по втор пат во Велес

Присутните ги повикаа партиите, институциите, невладините, да ја преиспитаат содржината на Тиранска декларација

Петар Печков

На истата релација како и вчера, од споменикот на Панко Брашнар до споменикот на Кочо Рацин, во центарот на Велес и вечерва протест. Тоа се граѓани кои сметаат дека на Македонија и се  подготвува  двојазичност при  што освен македонскиот официјален јазик  би бил албанскиот. Тие се залагаат за една земја, еден народ, еден јазик.  

Мајка Македонија ќе ја браниме  и ќе ја одбраниме. Нема сила  која ќе не одвои  од скутот  на нашата намачена земја.   Со ова ,,албанска ,, платформа  сакаат да направат кантони  и да ја кантонизираат.   Ние немаме кантони  а давање, имаме за земање. Тоа се Лерински, Воденски, Солунски, Драмски, во соседна Бугарија Горно Џумајски, Сандански, имаме во Косово кантони Гора, во Албанија Мала Преспа, Голо брдо. Коа ќе им дадат македонски  јазик до Скадар и Драч, нека повелат до Берово и Струмица.   Причината е економска.  Двата џина, Русија и Кина, планираат  проект Атина, Солун, Скопје, Белград, Будимпешта а Вардарска долина да биде пловна од Белград до Солун. Некој тоа не го сака а ние нема да дозволиме – рече Веле Алексовски, од     граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.  

Тој зборуваше пред споменикот на   Панко Брашнар во Нова населба, додека во центарот на Велес, пред народот кој ја изоде оваа релација се обратија фудбалерот Панче Ќумбев  и Александар Кукулев Сашко. 

До пред два дена се плашев за иднината  на  Македонија, но сега сум сигурен дека таа ќе  постои. Тоа е затоа што волку народ  дојде и колку  народ си ај сака  земјата. Не можам да останам миpен, кога гледам дека некој oд страна сака да  ја разнебити државата и да си игра мајтап.  Нема да дозволиме никој да ја дели,  туку да создадеме подбра иднина за  нашите деца. Ова што денес  ни се случува е  големо искушение, но многупати сме докажале дека Македонија е  над се.  Личните интереси да ги оставиме     настрана, дајте поддршка  - порача Ќумбев. 

Низ  Македонија одекна вчера  веста, дека во Велес се излеала река, река од народ кој  се кренал на нозе за да се исправи пред обидите на  историските а авантуристи кои на момент поверуваа дека можат да го разделат братот од брат.   Можеби помислија, но ова река од народ им го дава одговорот -  Нема да ви помине. За нас е неприфатлива секоја  промена на Уставниот статус на македонскиот јазик, исто како промена на знамето, химната  и грбот  на државата, неприфатливо е било какво   редифинирање на Македонија. Ги повикуваме партиите, институциите, невладините,   да ја преиспитаат  содржината на  Тиранска декларација, која со нејзиниот донесувањето  го наруши мирот и  спокојот на сите граѓани на Македонија. Единствено нешто без кое се не може е  Македонија -  истакна Кукулев. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »