речник контакт

Протест на вработени во „Транс Велес“ и „Велеспром“

Стотина поранешни вработени и сегашни акционери во „Транс Велес“ и „Велеспром“ протестираа пред Основниот суд во Велес.

Петар Печков

Стотина поранешни вработени и сегашни акционери во „Транс Велес“ и „Велеспром“ протестираа пред Основниот суд во Велес. Тие на тој начин сакаат да го искажат нивното незадоволство од остварувањето на нивните права, за неисплатените плати, придонеси, украдени акции и како се крчми имотот на штета на акционерите.

- Целиот недвижен имот на Транс Велес и Велеспром е даден за 7 милиони евра под хипотека кај Тутунска банка. Истите средства наместо за друштвата се прелеваат за приватни фирми и цели на сопственикот Илија Тепев, купување на џипови, хотели, камиони од што има само тој корист. Кредитот вообичаено не се враќа хипотеката се активира и имотот се крчми. За ниту еден побаран кредит одлука нема од Управниот одбор. Ние немаме дивидента добиено шест години. Ги тера раководителите  да покажуваат загуба и свесно фирмите ја турка во пропаст. Таму вработените немаат земено плата 50 месеци, шест години без здравствен придонес - изјави Миле Наумов сопственик на 30 отсто од акциите на Велеспром.

Тој ја повика државата да го заштити својот удел, бидејќи таа преку ПИОМ, поранешната Агенција за приватизација има во овие две фирми акции. Според пресметките на ех-вработените и акционерите, државата од загубата што Тепев ја прикажува во неговите две фирми губела и до 5 милиони евра, по основ на неплатен персонален данок, данок на добивка и ДДВ. Затоа побараа надлежните инспекции да ја проверат состојбата во Транс Велес и Велеспром.

Сопственикот на Транс Велес и Велеспром вели дека сите наводи се неточни, и дека зад овој протест се крие обид за рекет.

- Имам подигнато кредит од Тутунска банка и тоа во висина до два милиони евра, но за да ги покријам загубите од поранешното раководство а кредитот е земен на име на Тедико, не на Велеспром и Транс Велес.

Наумов кој е сопственик на 30 отсто од акциите со организирање на протести и рекетирање сака да ги продаде неговите акции кои ги купи откако оформив мнозински удел за 10 илјади а од мене бара 100 илјади евра - изјави Илија Тепев, сопственик на Транс Велес и Велеспром.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »