Петар Печков
Објавено: четврток, 06 февруари 2025
Вработените во фабриката за шински возила Колска Велес, утрово протестираа во кругот на друштвото. Бараат да им се исплати платата за декември лани но и К-15. Работниците велат дека трпеливо чекале да им биде исплатена платата, со придонесите за да може да одат и на лекар, но откако парите ги немало, се решиле на протест.
„Нема најава дека платата и К-15 ќе бидат исплатени и затоа се решивем на протест.Денеска ќе биде во кругот на фабриката а доколку на ги добиеме парите до петок, понеделник наутро ќе го блокираме железничкиот сообраќај на станица Велес. Владата ни нудеше нас, на вработентеи да потпишеме план за реорганизацијја и тогашната управителка, не прифативме, таа си даде оставка па именуваа нов, сегашниот управник“ – рече Тони Арсовски, претседател на синдикатот во Колска
До Владата до Министерството за транспорт и врски, вработените испратиле писмо со прашање, како ќе добиват плата во периодот додека трае реорганизацијата. Одговор досега не добиле.
Вработените реагираат што со договорот потпишан со МЖ Транспорт треба да поправат шест вагони, што било доволна за плата за еден месец, а не за три за кој период се однесувал договорот, пради што имале се помалку пари за плати.
„Доколку некој смета дека ќе ја распродава Колска на било кој начин, и луѓето ќе бидат без плата, со надеж дека новиот газда кој ќе ја купи за малку пари, и тој ќе треба со години потоа да ги плаќа заостанатите плати, се лаже. Ваквиот однос кон вработените кои ја одржуваат железницата во Македонија е неприфатлив. Колегите покажаа дека се истрајни и непоколебливи во борбата за нивните права, очекувам дек тоа ќе го покажат и во овој случај. Не може да распродавате нешто што е создавано со децении и да ги оставате работниците на ветрометина, да не можат да живеат, ниту да се лечат. Да се надевате дека ќе не снема е грешка“ – кажа Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.
Вработените во Колска го раскажаа случајот со колективното осигурвање, кое го плаќале со години. Но кога нивен колега по повреда побарал да добие осигурување, од компанијата му кажале дека одамна не добивале пари за таа намена од Кослка. За случајот ја известиле финансовата полиција.
На 19 март во велешкиот суд е закажано стечајно рочиште, со план за реорганизација, со кој фирма од струмичко Босилево треба да ја преземе фабриката со вработените и долговите. Најголем доверител е УЈП па ЈКП Дервен од Велес.
Фабриката за шински возила ,,Велес,, е меѓу најстарите на Балканот, изградена 1916-та година. Колска е изградена од страна на Германците во периодот на првата Светска војна а во тоа време била само работилница. Тие ја изградиле за нивни потреби, за поправка на возовите кои сообраќале кон Солун и кон Лерин.
Tweet |