речник контакт

Протест на вработените од ЈП Македонски Пошти поради неисплатена плата за септември

Протестот траеше 30 минути, од 11 до 11,30ч. пред вратите на подружницата во Велес. Во овој период работеше шалтер за странки во Поштата

Петар Печков

Вработените од ЈП Македонски пошти денес протестираа, барајќи ја платата за месец септември. Тие излегоа во тремниот до 11 до 11,30ч. пред вратите на подружницата во Велес.  Вработените бараат редовна исплата на платата, зачувување на работните места и иднина на Поштата, реформи и реорганизација на работата,

„ Кај вработените има револтот поради   доцнење на платата и загриженоста на вработените за иднината на Пошта и нивната егзистенција. Протестот ќе трае секој ден се до реализација на посочените барања“ - велат од Синдикатот на ЈП Македонски пошти.
 
Протестот го реализираат во време на паузата, за да може непречено да се одвива работниот процес. Во овој период од 30 минути, работеше шалтер каде беа примани уплатите или исплатите на парични средства, како и поштенскиот сообраќај.
.
Од Управниот одбор на ЈП Македонски пошти  го информирале Синдикатот, дека во однос на платата секој момент ги очекуваат средствата од Владата, но  не можеле  да кажат точно кој ден  таа ќе се исплати.

Најавиле дека  ќе излезат пред вработените со план и стратегија за надминување на состојбите и стабилизација на работењето на  Пошта.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »