речник контакт

Протест на вработените од јавното здравство (фото)

Вработените од јавно здравство со барање да биде потпишан Колективен договор за израмнување на платите според последната корекција на минималната плата од 2022 година, како и исплата на регрес

Петар Печков

Здравствените работници јавното здравство  протестираа денес  од 10 до 10,30 часот. Протестот го организираше Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Македонија.

Протестот  се организираше во дворните површини на установите, во време на паузата од 10 до 10,30 часот.  Револтот на здравствените работници започна откако  им доцнеше јануарската плата, поради хакерскиот напад на системот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ).

Вработените од јавно здравство со барање да биде потпишан Колективен договор за израмнување на платите според последната корекција на минималната плата од 2022 година, како и неисплатениот регрес. Велат дека иако се договориле за линеарно покачување,  не го добиле.

 „Незадоволството е од доцнењето на јануарската плата но и од непочитувањето на  анекс измените на колективниот договор, кој е поврзан со минималната плата од минатата година. Со тоа решение се создаде ситуација, медицинските сестри со средно образование, нивните плати се изедначија на тие што работат со основно образование. Проблемот ќе се продлабочи во март со покачувањето на минималната плата,  кога овие медицински сестри ќе имаат примања под минималната“ - кажа д-р Љупчо Леов, претседател на  Самостојниот синдикат за здравство за   

Во Велес протестираа вработените од Општа Болница, од Здравствен дом и од Болница Јасеново.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »