речник контакт

Протест на жителите на село Милино, Овче Поле, поради уништениот пат од тешки камиони кои го превезуваат ожнеаното жито (фото)

Блокирани се патиштата кои водат од Милино кон Лозово и кон Каратманово

Петар Печков

Жителите на село Милино ги блокираа локалните патишта кои водат  кон Лозово и кон Каратманово. Тие денес ќе бидат таму до 19 часот. Причината за незадоволството е   лошиот пат, кој бил уништен од тешките возила, кои таму сообраќаат.

„По овој локален пат минат шлепери  од по 50 тони, транспортираат жито а дозволена носивост е 7 тони. Ова се случува откако започна жетвата. Патот се уништи за кратко време а тој ни и излез кон светот. И ние имаме жито за продавање, но не можеме да дозволиме поради него да немаме пат. Ако се уништи  а веќе се случува, знаеме каква е постапката и колку време ќе мине додека ни го поправат или асфалтираат нов“ - велат жителите од село Милино, лоцирано во општина Лозово, Овче Поле.  

Жителите на село Милиони најавуваат дека ќе продолжат со блокадата на патот а со тоа ќе биде сопрен и транспортот на ожнеаното жито, од овој дел на Овчеполието.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »