речник контакт

Протест на приватните доктори за поддршка на колешката од Виница

Капитацијата на д-р Виолета Петковска не била исплатена оти таа немала медицинска сестра, иако преку оглас во четири наврати ја барала

Петар Печков

Под мотото,, И јас сум Виолета,, приватните лекари од Велес протестираа пред Фондот за здравство, за поддршка на колешка  од Виница д-р Виолета Петковска.  Тие заедно со неа реагираат што Фондот за здравство не пуштил капитација за декември, иако сите останати ја добиле. 

Бидејќи колешката нема медицинска сестра, таа си заминала, од Фондот не и пуштаат пари. Докторката го исполни условот, кој е пропишан во Правилникот и не два колку што се бара туку четири пати преку оглас бараше здравствен работник. За жал во тој регион на Источна Македонија медицински сестри нема -  кажа д-р Лили Чолакова Дервишова претседател на Здружението на приватни лекари на Република Македонија.   

Тие побараа под итно да и се пушти капитација на колешката Петковска од Виница за да може таа да функционира а пациентите да бидат згрижени.  

Крајно нехумано е доктор кој извршил стотици прегледи да остане без здравствено осигурување. Таа  сега не може да плати концесија и комуналии за амбулантата и да ја врши редовната работа.  Освен недостигот на доктори уште поголем одлив има и на медицински сестри. И тие заминуваат од земјава.  Апелираме до администрацијата да направи се, колешката да остане да работи, во интерес на нејзините пациенти и нивото здравје - додаде д-р Чолакова Дервишова. 

Доколку не се реши овој проблем, приватните доктори најавуваат дека ќе протестираат пред Фондот за здравство. Вакви протести денес ќе имало и во други градови од Македонија. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »