речник контакт

Протест на приватните доктори незадоволни од предлог договорот за работа со Фондот за здравство

Лошата здравствена политика резултирало за изминатите три години 1,2 илјади приватни лекари да заминат од Македонија

Петар Печков

Докторите од примарното здравство од Велес протестира, незадоволни од  здравствената  политика на Фондот за здравство и Министерството за здравство. Овој протест  рекоа дека е израз на револтот  од неприфаќањето на нивните барања и несоодветната реакција по потребите на приватното здравство и понудениот предлог договорот за работа за наредните пет години.  .  

Ниту едно од нашите барања, реакции на предлог договорот за работа за следните пет години   кој е многу лош, не е прифатено.  Препораките од Светска  здравствена организација се исти како нашите и ниту една не е прифатена. Ваков каков што е предлог договорот нема да го потпишеме  оти сакаме да останеме во државата и бараме почит.    Наспроти најавите дека казнената политика  во државата ќе биде намалување на казните, во предлог договорите се зголемуваат наместо  на  фиксен дел од капитација,  сега казните се   на цел Буџет. Законот за здравствена заштита е во собраниска процедура а членот 32 не е променет, како што со години бараме.   Многу пати сме кажале, писмено сме барале  дека пациентите мора да бидат евидентирани на амбуланта не на доктор а тоа никако законски да се уреди.  Најавеното зголемување на капитацијата никако да се случи, не очекуваме 90 денари  веднаш како што беше најавено во програмата, туку постепено. Ние исплатуваме К-15 а јавното здравото не, нив им ги покачија платите за 5 отсто, кај нас каптацијата е иста. Во Хрватското и Бугарскиот здравствен систем нема казни, кај нас  51 ставка се за казни - кажа д-р Лили Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на приватни лекари на Македонија. 

Објаснува дека  придобивки кои  ги добиле во минатото, сега со овој предлог договор се анулирани.  Лошата здравена политика во земјава резултирала во моментов во Македонија да  нема доволен број на медицински сестри и доктори.  

Дали на државата и треба здравствен персонал.  За три години од примарното здравство од Македонија заминаа 1,2 илјади доктори, сега бројката на доктори е 1.533 и имаме реален недостиг на доктори- кажа д-р Чолакова Дервишова.  Според неа  денес на пладне  се протестирало и во Берово, Гевгелија, Кичево, Виница, Неготино, Валандово, Свет Николе, Дојран а од понеделник продолжува во други градови.   

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »