речник контакт

Протест на соседите од градбата на улица Архиепископ Михаил бр. 77

И од општината потврдуваат, градбата нема дозвола за изградба ниту за рушење

Петар Печков

Мирен протест на дел од граѓаните на улица Архиепископ Михаил, поради дивоградбата која  им се случува во соседство а  надлежните не преземаат никакви мерки за нивна заштита.  Соседите се собраа да го искажат нивниот револт од затајувањето на системот,  и покрај нивните  забелешки за состојбата на куќата  која се гради  на оваа улица  број 77. 

На први април започна да се гради објект, без никаква дозвола, ниту за рушење, ниту за градба.  Нема ниту испитувања од ИЗИС ниту за статика, кој се задолжителни. Единствен документ кој го доби во  средината на јули е за изградба на споредни  простории. Погледнете две плочи од по  300 квадрати,  и покриен цел простор , ова ли се споредни простории. Реагиравме до локалана власт, која за жал ништо не превзема, напротив ја стимулира оваа дивоградба. Инспекциските служби во два наврати подготвија решенија за отстранување на изграденото. Додека ние шетавме по лавиринти на институциите, барајќи заштита  на нашите права, сопственикот градеше. Градоначалникот Чадиев ни ветуваше дена нема да се изгради ништо повеќе од споредни простории, добивме градба од два  пати по 300 квадрати. Ангажираните вешти лица тврдат дека поради големината на оваа дивоградба, сите постојни куќи, заедно со оваа новата можат да завршат во Вардар, да се лизнат  - изјави Ангел Јанакиев, еден од соседите.  

Тој смета дека  на многу  куќи во комшиите со оваа нелегална градба, им е доведена во прашање безбедноста и стабилноста.  Соседите дополнуваат дека на последната средба во Општина  Велес, со градоначалникот, околу проблемот со оваа дивоградба, ноќта два автомобили на најблиските комшии од градбата им беа запалени автомобилите.   Тие информираа дека за случајот поднеле кривични пријави за повеќе лица, барајќи ја правдата. 

Јавноста треба да знае дека животите на сите овие луѓе присутни тука се загрозени.  Откако започна да се гради оваа дивоградба,  добиваме закани завиткани во целофан, како што работи урбаната мафија. Не можеме да ги пријавиме во полиција оти се преку  други лица.  Мора да се знае дека ние на новиот инвеститор му дадов, вода струја кога рушеше  и  работеше. Дури имаме информација дека тој не го платил данокот за имот – додава Јанакиев.  

Соседите веруваат во правниот систем, каде ќе  ја продолжат нивната борба против како што објаснуваат урбаната мафија.  Одговарајќи на прозивките од граѓаните,   градоначалникот Чадиев  објасни дека тие работат според законот.

Кај нас во  општина нема поднесено барање за изградба на куќа,  ниту  претходно за нејзино рушење. Такви дозволи  не сме издале.   Надлежната  општинска инспекција донесе решение за отстранување на градбата, на што инвеститорот се жалел до второстепената  Комисија за одлучување за инспекторски надзор. Таа  ја прифаќа жалбата и решението е вратено назад.  Издадовме одобрение за изградба на помошни простории, која е согласно законот.  На ова соседите поднесоа жалба и сега ја чекаме одлуката на второстепената комисија. Ние сме тие што ги почитуваме законите – изјави Чадиев.  

Тој потврди дека Општината нема  пронајдено фирма која ќе работи на рушење на дивоградби, оти појасни дека фирмите имале слаб интерес за ваква работа.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »