речник контакт

Протестен марш против убивањето на бездомните животни и фрлање отров по јавните површини (фото)

Забранетиот отров ,,Ланате,, се фрла по дворовите на училишта, градинки, спортски и детски игралишта и се доведува во опасност животот на децата

Петар Печков

По улиците на Велес денес се одржа   протестен   марш против фрлањето на отровите по јавните површини. Тие се наменети за  убивање на животните скитници низ градот.  Маршот го организираше  Здружението ,,Гласот на животните,, од Велес.  Тие на овој начин се обидоа да ја подигнат свеста кај велешани дека решението не е  убивањето на бездомните животни, туку нивно згрижување. 

Овој протестен марш е  против расфрлувањето на отрови по градот на површини каде играат  и деца како и  незаинтересираноста на институциите, полицијата обвинителството  да откријат кој стои зад овие  кривични дела.  Отровот ,,ланате,, кој е  одамна забранет за  продажба, некој го наоѓа  и  го расфрла.   И тоа по дворовите   од  градинки,  училишта, спортски  и детски   игралишта. На ова  мора да му стави крај. Очекувавме  на овој  марш да  пристапат родителите бидејќи нивните деца играат на просторот каде се фрла отров, но нив ги немаше   – рече    Ивана Тончова, член на Здружението ,,Гласот на  животните,, од  Велес. 

Тоа не добива никаква финансиска помош од државата, градот но затоа има  изградено сопствено прифатилиште каде живеат 150 кучиња и 50-тина мачки  скитници. Се финансираат од донации, најчесто на граѓани и од сопствениот џепарлак, бидејќи членови се млади велешани.

Протестот заврши пред зградата на Општина и на полицијата, каде беа прочитани барањата . 

,, Постапките кон бездомните  животни се огледало на нашата совест, однос, слика  кон нив. Затоа бараме  масовна стерилизација – не масовна  елиминација, забрана за слободна продажба на  отрови, истрага за сите досегашни фрлени отрови, за сторителите затвор,,.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »