речник контакт

Протести и незадоволство од цената на тутунот во велешко

Во Бузалково и Лозово револт од ниските откупни цени на жолтото злато, чекаат инспекција

Петар Печков

Неколку дена од почетокот на откупот, тутунопроизводителите во велешко незадоволни од стартот и понудената цена. Во селото Бузалково  производителите престанаа да го предаваат тутунот, додека во Лозово  се сомневаат во проценките на квалитетот.

Заштитна цена се најавува дека е 180 денари а во пракса е 120. За толку пари ни ги откупуваат најквалитетните листови. Побаравме да дојде и инспекторатот да констатира зошто вака, но и нив ги нема. Затоа прекинавме со предавање на тутунот, се додека не се средат работите. Ако се продолжи со потценување ќе ги блокираме и патиштата. Лани го ценеа 200 денари а сега 130, а има ист квалитет. Нема овде политика, зошто лани не протестиравме  – вели производител од селото Бузалково.

Тутунарите од ова населено место објаснуваат дека сите куќи од селото одгледуваат тутун и тоа им е единствена егзистенција и затоа бараат реална проценка. Во населбата Лозова исто така незадоволство од понудената откупна цена.

Имам приметено дека секогаш пред изборите се случува ова, една класа секогаш подоле ни даваат.  На некој начин го уценуваат народот, па ги молиме  да го земат. Лани беше добро, годинава почетокот е за никаде. Ако е квалитетот единица, они ни даваат за двојка. Зошто е така не знам. Листовите од врвот, кои имаат најмногу катран, секогаш се најквалитетни ни ги оценуваат со тројка иако се чиста единица. Има годинава многу тутун а не го откупуваат. Не знам зошто не го земаат - вели тутунопроизводител од селото Лозово.

Во овие две населени места откупот го врши кавадаречка Алијанса и Соцомак од Битола.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »