речник контакт

Протести на ГДОМ и Протестирам во Велес

Протестите мирни, без инциденти

Петар Печков

 И вечерва по велешките улици се протестираше. Од една страна, во центарот на градот поддржувачите на ГДОМ а во Нова населба па се до Сармаале протестантите на ,,Протестирам,,. 

Пред споменикот на Илинденците, пред насобраните граѓани во името на ГДОМ се обрати актерот Васил Зафирчев. 

 Ви се обраќам како човек  и  уметник, од овој град каде творам, живеам  и создевам. Ова што ни се случува изминатата година,  посебно  изминатата седмица е големо премрежје и голема  историска пресвртница за Македонија. Обидите  за рушење на интегритетот и суверинетот на нашата држава, најостро ги осудувам. Го осудувам и вандалското однесување   кон кулурно историските  споменици  во централното градско подрачје на Скопје.  Без оглед на времето,  контекстот и референцата кога се создадени, без оглед на политичката гарнитура и волја на властите  кои ги изградиле, преставуваат дефиниција  на нашиот културен историски и национален идентитет, нешто по што се препознавеме, идентификуваме и разликуваме од другите нации и  народи. Нивното сквернавење, особени на Порта  Македонија, која е  триумф на напорите да  го сочуваме и задржиме македонскиот  национален иднтитет,  тоа не е   ништо друго туку отсуство на чувство за припадност  кон народот  и државата во која живееме  и отстуство на  почит на нашиот културен идентитет - рече Зафирчев пред насобраните граѓани.

Нив им се обратија  и кајакарот Атанас Николовски, екс фудбалерот Зоран Бошковски, Бобан Блажевски -боксер,  како  претставници од ГДОМ. 

Истовремено колоната на протестанти од ,,Протестирам,, тргнаа од кај Авона, до споменикот на Панко Брашнар, повторно назад се до плоштад Сармаале. Со пароли и извици, незадоволните граѓани го искажаа својот став кон актуелната состојба во државата,  за која според нив има еден виновник владеачката ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Иванов.

Нашите барања се  добро познати и исти. И вечерва галснао го искажуваме нашиот став и револт.  Го повикуваме секој кој не е истомисленик со  оваа власт да го искаже   тоа со излегување на улица  и мирнода протестираме низ улицте на Велес. Ова е четврти дена и продолжуваме натаму, масовно. Утре  сме  повтрно тука, почнуваме од 18 ч. Денес одевме по некои споредни улички за да може да не слушнат граѓаните, да допреме до повеќе од нив. Овие протести се на сите граѓанки и граѓани и нема политичка позадина ниту некоја партија стои зад нас.  - рече Александар Стојановски.

Потсети дека бараат укинување  на аболицијата на 56 лица, оставка на претседателот Иванов, одлагање на изборите закажани за  5-ти јуни и    избор на експертска Влада. 

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »