речник контакт

Протестираа порцеланци, вработените во АК Џумајлија

Првите го бараат паричниот месечен надомест, вторите решавање на статус кво состојбата во комбинатот

Петар Печков

 Некогашните вработени во велешка Порцеланка ги заземаа просториите на директорот од Агенцијата за вработување во Велес. Тие таму ќе престојуваат секој ден, додека  не го добијат паричниот надоместок што им следи а истиот го добиле по судски пат. Стотина поранешни вработени  бараат почитување на пресудата на Управниот суд, со  која  треба да добиваат паричен месечен надоместок поради тоа што фабриката каде работеле, Порцеланка, била во државна сопственост, кога  биле отпуштени  и заминале на Бирото за вработување.

Бараме да добиеме решение  по нашето барање за паричен надоместок, било да е позитивно или негативно.  Решението од министерот за социјала и труд е во наша корист, не знам зошто директорот не го почитува. Нема дилема дека нас тоа ни следува, но зошто не ја добиваме, е проблем кој се провлекува три месеци. Имаме пресуда од Управен суд која директорот на Агенцијата за вработување не ја почитува. Се најде некој  кој смета дека е над сето тоа и дека не би требало да добиеме  пари.  Од кабинетот на Народниот правобранител се фрапирани за ваквата состојба и непочитувањето на судската одлука - рече Ѕвонко Самарџиев некогашен вработен во Порцеланка.

Тој и неговите колеги од денес па натаму секој ден ќе престојуваат  просториите на Агенцијата за вработување, се додека не се реши нивниот проблем. Ваков паричен надомест очекуваат 107 некогашни вработени од Порцеланка.

Протестираа и стотина вработени од АК Џумајлија од Лозово пред  административната  зграда на комбинатот. Бараат да се расчисти состојбата во комбинатот кој е ни на небо, ни на земја, постои а не работи. Гневни се што комбинатот не работи, тие се без работа а немаат ни вистински информации што се случува таму.

Бараме да се реши нашиот статус, на вработените. Не може по  четири месеци ништо да не се случува. Истовремено наводните доверители земаат кој што му треба. Нема контрола на тоа што се носи. Се крчми имотот а никој не води есап за тоа. Пари  за нас работниците нема, но фирмата била во огромни долгови, сметката е блокирана. Од комбинатот живее цело село Лозово, преку лето 500 души сезонски вадат леб, ние сме двесте вработени.  Стотици хектари земја не се обработува, родот пропаѓа– велат работниците. Тие за наредните денови најавија  дека ќе го прекинат сообраќајот на делницата од магистралниот пат Велес- Штип.

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »