речник контакт

Протестираше администрација, болничарите, возачите, хигиеничарите во јавното здравство

Реагираат што оваа структура вработени не се опфатени со покачувањето, кое од февруари до година носи 25 отсто повисоки плати за докторите и 10% за медицинските сестри

Петар Печков

Администрацијата и помошно техничкиот персонал вработени во јавното здравство, денес на пладне протестираа во кругот на ЈЗУ Општа Болница Велес и  ЈЗУ Здравствен дома Велес.

Тие на овој начин го искажаа незадоволството  по одлуката, платите на лекарите специјалисти да се зголемат за 25 проценти, а на медицинските сестри за 10 проценти, од февруари следната година а на оваа категорија вработени да нема покачување.

Протестот се одржа од 12,30 до 13ч. во време на административната пауза која ја имаат  вработените. Во болницата се приклучија и болничарите, а во Уред и шоферите на итната помош,  кои не се опфатени со покачувањето. 

Ова  е јавно искажување на незадоволство. Ние сме администрација и помошно техничкиот персонал, но во рамките на јавното здравство. Не може да не изедначуваат со другата администрацијата и да не заобиколуваат. Ние сме дел од  системот, кој без нас не може да функционира, навредувачки е вака да не третираат, за едни д аима повисоки плати а други да бидат заобиколени  – велат организаторите на настанот.

Во ЈЗУ Општа Болница Велес има 80 лица, администрацијата, помошно техничкиот персонал и болничари, додека во ЈЗУ Здравствен дом има 30 лица администрацијата, помошно техничкиот персонал и возачи на возила на итната помош. 

Велат дека нивните плати се минимални и се движат од 12  до 20 илјади  денари. Реагираат сега пред да се донесе Буџетот за следната година,за да може и тие да имаат повисоки плати од февруари, оти секоја реакција  подоцна би била задоцнета.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »