речник контакт

Протестот на приватните доктори е поддржан и од пациените и од лекарите

Нивниот протест ќе трае до среда 7 септември

Петар Печков

Докторите од приватното здравство протестираат, примаат само итни случаи. досега немало  повратна реакција од надлежните до Министерството за здравство и од Фондот за здравство.

„Има случаи каде што може да се види дека некои колеги  креираат упати за пациентите. Но 99 отсто од колегите го почитуваат и поддржуваат протестот.  Итните случаи ги препраќаме на доктори специјалисти. Останатине имаа можност  да бидат информирани  со овој наш протест, и за да го здржиме нашето достоинство, чест. Ова што го правиме е за нас докторите и за пациентите.  Оти тие најмногу реагираат на постапката за препишување на лекови и упат до специјалистите, чекањето  во чекална додека се завршат формалностите. Токму тоа е едно од нашите барања. Протестираа и просветните работници, лекарите од  јавното здравство, така што нашиот протест не е ништо различен од  другите“ - кажа д-р Лили Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на приватни лекари на Македонија (ЗПЛМ).   

До пладне никој од надлежните од Министерството за здравство и фондот за здравство не реагирал на нивниот протест. Претходно Министерот за здравство Беким Сали кажа дека е потребно време за да се решат проблемите кои ги потенцираат приватните лекари. Тие бараат повисока капитација, повисок буџет за руралните доктори, за лабораториите,  промена на регулативата за младите доктори да останат во земјава, промена на режимот на препишување на лековите.

„Шест месеци се разговара, но нема поместување.   Лабораториите кои понесоа голем товар во ковид пандемијата а не добија никаква помош, нивниот буџет не е сменет  со години.   Ако надлежните не реагираат на овие наши барања, тогаш им е сеедно дали и натаму ќе продолжи намалувањето на бројот на матични лекари, дали ќе се затвораат рурални амбуланти, кој ќе ги лекува граѓаните во примарното здравство“- додаде д-р Чолакова Дервишова.
Нивниот протест ќе трае до среда 7 септември.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »