речник контакт

Против ОК Шкендија, вечерва ГОК Борец игра за пласман во финалето на Купот

Натпреварот се игра во Радовиш, од 20ч. со пренос на МРТВ 3

Петар Печков

Одбојкарите на ГОК Борец  вечерва против екипата на ОК Шкендија бркаат финале од Купот. ВО Радовиш, во полуфиналето играат со тетовци за пласман во финале. Натпреварот е со почеток од 20 часот со директор пренос нa МРТ 3. Се игра во Радовиш.

„Расположени сме да дадеме максимум. Екипата во  комплетен состав., мотивирани се за победа. Успехот во Тетово  ни дава уште поголема желба да го повториме “ - кажа тренерот Петре Жабев.

За средбата со нив патуваат и навивачите, еден автобус, поддржувачи на ГОК Борец кои треба да му дадат дополнителна поддршка на клубот.
 Како Борец Универзал промет во 1995 година го освои Купот на домашен терен, во  салата 25 мај. Тогаш тренер беше Јошко Миленовски. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »