речник контакт

Против пожарниот воз на готовс

Цело лето на железничката станица во Велес ќе биде лоциран противпожарниот воз, за гаснење на пожарите кои ќе се појават во близина на пругата

Петар Печков

Од почетокот на месецов Македонски Железници го пушти во сообраќај против пожарниот воз (ППВ), кој интервенира во случај на пожар покрај пругите на МЖ.  Лоциран е на железничката станица во Велес,  ќе биде во сообраќај до 30-ти септември.

Има  капацитет од 40 тони вода две цистерни од по 20 тони,  и ја покрива целата мрежа на железницата во Македонија,  до Кочани, Гевгелија, Кичево, Табановци  и Кременица –Битола.  Возот е екипиран  во  четири смени од по три пожарникари  кои  дежураат 24 часа и во секој момент обезбедена локомотива, која ќе го донесе до местото на пожарот.. 

Освен што ќе гасне пожар покрај железничката пруга,  од вагоните  може да се  препумпува  вода во противпожарните возила,   па така да се штеди на време и  да се помага во гаснењето на огнот. Минатата година екипата на возот имала десетина интервенции, кога пожар беснеел покрај пругите на  Македонски железници.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »