речник контакт

Противпожарните возови на железница подготвени за интервенции

Едниот од нив е поставен на Железничка станица Велес и е во функција до септември

Петар Печков

Од почетокот на месецов  Македонски Железници ги пушти во сообраќај двата против пожарни воза (ППВ), кои интервенираат во случај на пожар покрај пругите на МЖ. Во функција се два такви воза со капацитет од 40 тони вода, едниот е   на железничката станица ви Трубарево- Скопје и ја покрива територијата до Кичево и Табановце, додека вториот е  лоциран во Велес и ја покрива територијата на пругите до Кочани, Гевгелија и Кременица–Битола. 

Противпожарните возови ги опслужуваат четири групи вработени железничари со противпожарен курс.  Секоја група има по три пожарникари кој дежураат 24 часа, и во секој момент обезбедена локомотива. Освен што ќе гасат пожар покрај железничката пруга, тие можат од нивните вагони да препумпуваат вода во противпожарните возила. Така  се штеди на време но и се помага на противпожарните возила кои се на терен.

Овие два воза ќе бидат во функција до крајот на септември. Минатата година  немале многу работа, бидејќи се случиле малку пожари покрај пругите во Македонија, објаснуваат од МЖ.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »