речник контакт

Проф. д-р. Василковски од Бостонски универзитет, одржа предавање за учениците од Гимназијата (фото)

Тој е нејзин ученик каде го завршил средното образование

Петар Печков

Професорот доктор Златко Василковски денес одржа предвање за учениците на велешката  Гимназија Кочо Рацин. Тој е нејзин ученик, каде го завршил средното образование и се одѕва на поканата да биде предавач на учениците по предметот физика.

Д-р Василковски е професор на Бостонскиот Универзитет и автор на првото дело на македонски јазик за астрономијата  „Мултиверзум за почетници“.

Тој на заинтересираните ученици од прва до четврта година, им предаваше за теми од астрономијата, компјутерското инженерство и вештачката интелигенција.

„Со своите одговори, Василковски  ја прошири имагинацијата на учениците и ги зацврсти нивните погледи на светот“ – велат од велешката Гимназија.

Во знак нa почит за поранешниоt ученик сега професор на Бостoнски Универзитет, директорот на Гимназијата му врачи благодарница, но и покана при следниот престој во родниот град, повторно да одржи предавање  во ова образовна институција. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »