речник контакт

Професорите Василковски и Урумов, донираа значајни стручни книги на велешка библиотека (фото)

Книгите се од областа на математика и физиката, како и кинески прикасни на македонски и англиски јазик

Петар Печков

 Златко  Василковски проф. д-р. на Бостонскиот универзитет во САД и Виктор Урумов, пензиониран професор по физика а ПМФ во Скопје, денес на Градската библиотека „Гоце Делчев“ и донираа книги од нивната библиотека. Со овој чин го збогатија фондот на стручна литература на велешката установа.

„Донесов детски книги од кинески автори на македонски јазик, откако претходно во неколку наврати донесов стручни  книги чиј автор сум јас. Две книги се кинески приказни за деца на англиски јазик“ - кажа проф. д-р Урумов, кој по мајка е велешанец. 

Тој е и автор на илустрираната енциклопедија „Кинески мозаик“ , чиј тираж бил распродаден па вети дека до следниот ќе донесе примерок и во велешка библиотека.

„Донирав стручни книги од областа на физиката и математиката.  Тие ги купив кога работев на МИТ Универзитетот од Бостон. ПО смртта на неговите професори, семејството ги предава книгите на Универзитетот, тој пак ги продава, оти имаат огромен фонд на книги. Книгите се од почетокот на 20 век, една е и од крајот на 19 век. Едната книга е нова, модерна од пред некоја година.  Нејзин автор е Мичио Каку познат американски физичар, од јапонско потекло.  Таа е со негов потпис и е мошне интересна. Пишува за негови видувања  за светот во иднината,  за нови технологии, за вселенски патувања,  за населби на планетата Марс“ - реча Василковски

Златко Василковски доктор на науки, кој живее и предава на Бостонскиот универзитет, на магистерски студии,. Тој е автор на книга „Мултиверзум за почетници“, прво дело  за космологијата и астрономијата на македонски јазик.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »